АРМ: „Волците“ успешно ја презентираа својата обученост во Германија

Од:

Припадниците на полкот за Специјални операции при Армијата на Република Македонија од 15 до 27 март учествуваа на меѓународната вежба „ Allied Spirit VI“ која се одржа во Хохенфелс, Германија, на која ја презентираа својата обученост и интеробилноста со стандардите на НАТО партнерските армии.

Како што соопштија од АРМ, Македонските „волци“ во извонредно реални вежбовни услови на полигон од околу 200 километри квадратни со изработени населени места и професионални статисти, преку спроведување на директни акции, специјално извидување и синхронизирано воено асистирање извежбуваа тактики, техники и процедури од областа на неконвенционалното војување.

На вежба, во организација на командата на Армијата на САД за Европа учествувале околу 2.770 припадници на армиите на САД, Македонија, Канада, Чешка, Унгарија, Словенија, Италија, Германија, Франција, Естонија, Летонија и Холандија.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски