АРМ утре ќе одбележи 28 години постоење

Од:

На воениот стадион во Градскиот парк во Скопје утре ќе биде одбележан Денот на Армијата, а свеченоста ќе се реализира во согласност со протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници, информираат од Министерството за одбрана.

Како што најавија од Генералштабот на Армијата, обраќања ќе имаат претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

На свеченоста, од страна на претседателот Пендаровски со Орден за воени заслуги ќе се одликуваат баталјонот за воено-медицинска поддршка, третиот пешадиски баталјон од првата пешадиска бригада и канцеларијата за соработка со одбраната на САД.

Свеченоста ќе биде пренесувана во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на страниците на шефот на државата, Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

АРМ се поднови со 29 лесни оклопни возила