АРМ успешно ја извршуваше својата мисија и сите поставени задачи во 2017 година

Од:

И покрај објективните потешкотии и ограничени расположиви ресурси, АРМ успешно ја извршуваше својата мисија и сите поставени задачи, при што борбената готовност со големи напори и залагање на персоналот беше на потребното рамниште.

Ова било заклучено на денешниот брифинг меѓу претседателот Ѓорге Иванов и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, кој информирал за борбената готовност на Армијата на Република Македонија.

Брифингот за борбената готовност, како што се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов, е редовна обврска на началникот на Генералштабот на АРМ кон претседателот на Република Македонија.

– Претседателот Иванов беше информиран за реализацијата на плановите и задачите во АРМ во изминатата година врз основа на извршената целосна и објективна анализа на Генералштабот за 2017 година, факторите и елементите кои влијаат на борбената готовност на АРМ, како и предлози и мерки за подобрување на степенот на борбената готовност на АРМ на повисоко рамниште во 2018 година, се посочува во соопштението.

На брифингот биле опфатени клучните функционални области кои влијаат на борбената готовност.

Генерал-потполковник Величковски посочил на клучните задачи и проекти кои ја одбележаа изминатата, јубилејна година за АРМ. Исто така, биле посочени приоритетите и мерките кои треба да се превземат во следната 2018 година.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он