АРМ доби нова химна и новата униформа за баталјонот за Почести

Од:

На плоштадот „Македонија“ во Скопје попладнево беше промовирана новата химна на Армијата на Република Македонија и новата униформа на баталјонот за Почести.

Промоцијата на новата химна и гардиската униформа е по повод 20 години од постоењето на АРМ.

– Химната е промовирана првпат во текот на овие 20 години. Припадниците на армијата ќе се гордеат и со униформата и со химната, а очекувам дека ќе биде прифатена и од граѓаните, изјави по промоцијата началникот на ГШ на АРМ Горанчо Котески.

Во изминатите неколку месеци, истакна, беа забележани активности по повод 20 години АРМ и тие, како што најави, ќе продолжат и во иднина.

– Активностите ќе завршат со централна свеченост во касарната „Илинден“ каде ќе имаат пристап и граѓаните, додаде Котески.

Началникот информираше дека досегашната гардиска униформа и понатаму ќе биде во употреба и ќе се користи во одредени свечени прилики.

Би можело да ве интересира

АРМ се поднови со 29 лесни оклопни возила

Левица: Одбиени без причина: Конкурс за 60 офицери, а решение за 29, останатите – жртви на партиски пазарења

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено