Арифи: Со давањето аболиции без да има правен основ, Иванов стори кривично дело кое не застарува

Од:

Со Одлуката на Законодавно-правната комисија веќе се утврдува дека кога Ѓорге Иванов ги носел одлуките за помилување, немал правен основ да го прави тоа, ако кога некој на јавна функција носи одлуки без да има правен основ, тоа е кривично дело на злоупотреба на положбата и тоа е кривично дело кое не застарува и нема никакви пречки сега да се побара одговорност од Иванов, порача универзитетката професорка Беса Арифи на трибината „Правда наместо амнестија“, во организација на СДСМ.

Арифи истакна дека предметите отворени од Специјалното јавно обвинителстви мора да продолжат и да се забрзаат затоа што тоа е важно за правдата.

– СЈО не е еден човек кој сега можеби е обвинет во кривична постапка и тоа нема да ги избрише или укине делата за кои СЈО покрена обвиненија. Добро е што предметите преминаа во редовните обвинителства и што се работат од обвинители од СЈО. Не треба да се губи ниту ден ниту час за тие процеси да добијат правна разрешница. Бидејќи задоцнета правда е нереализирана правда, гледаме сите дека има случи кои застаруваат, обвинети и осудени кои бегаат од државата, порача Арифи.

Колку повеќе случаите ќе се одолговлекуваат, толку повеќе ќе се ибегнува правдата и затоа обинителите и судовите треба да сторат се за да има што побрза правна разрешница, заклучи Арифи.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Шуто Оризари, Илинден, Кочани и Долнени

Скопјани се трујат од отровен чад и канцерогени честички поради горење на депониите Дрисла и Вардариште, велат од СДСМ

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски