Арифи: Иванов да излезе и да каже дека нема право да ги помилува осудените за 27 април

Од:

Универзитетската професорка Беса Арифи за А1он тврди дека претседателот Иванов не може да даде помилување за осудениците од „крвавиот четврток“ поради тоа што членот 11 од Законот за помилување кој му дава можност на претседателот да помилува без претходна постапка, односно без потребната процедура која треба да помине низ Министерството за правда, е изземен од Законот уште во 2009 година.

– Правна основа претседателот да даде помилување без претходна постапка не постои. Членот 11 од Законот за помилување врз основа на кој осудените за 27 април бараат помилување еднаш е укинат и не е вратен со законска постапка во Собрание односно не се направени измени што би го вратиле тој член кој е тргнат од страна на Уставниот суд во 2009 година, вели Арифи.

Според Арифи, сега откако се пристигнати барањата за помилување до неговиот Кабинет, Иванов треба да се произнесе и да каже дека нема право на такво нешто.

-Барањата се ништовни, исто како случајот во 2016 година. Претседателот треба да се признесе и да каже дека нема такво право да ги помилува осудените за 27 април, вели Арифи.

Министерката Рената Десковска, вчера во неколку наврати напомена постапката за помилување мора да се води преку Министерството за правда, но до надлежното министерство до вчера не е пристигнато ниту едно барање за помилување.

Минатата недела до претседателот Ѓорге Иванов, од страна на семејствата на осудените лица за „крвавиот четврток“ пристигнале 14 барања за помилување меѓу кои и за ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков кој е осуден на 18 години затвроска казна за настаните во Собранието на РСМ од 27 април 2017 година.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски