Aрифи и Груби се сретнаа и се сложија дека Тетово се развива

Од:

Перспективите и понатамошниот развој на Општина Тетово и поддршката од централната власт за проектите на општината, беа тема на разговор на денешната средба меѓу првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

Како што информираат од Кабинетот на првиот вицепремиер, Груби ветил дека ќе биде отворен за соработка и дека ќе продолжи да прави максимални напори со цел градот на двата универзитета да се развие.

Двајцата соговорници се согласиле дека сега по членството на Северна Македонија во НАТО и отворањето на преговорите за членство во Европската Унија се отвораат нови можности за инвестиции и развој на нашите општини.

-Груби ја извести градоначалничката на Тетово дека Владата донела одлука за признавање на инвестиција на приватната компанија НОРМАК која се наоѓа во слободната економска зона во Тетово. Тој исто така ја извести Арифи дека сите формалности се завршени од страна на Владата и дека е потврдена новата странска инвестицијата на норвешката компанијата КИЕЛ во слободната економска зона во Тетово, каде се очекува да бидат вработени над 300 работници, стои во соопштението.вј/лв/

Би можело да ве интересира

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

(ВИДЕО) Безбедносна процена или политичка одлука – Кузеска со критики за случајот Груби

Горан Наумовски

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?