Архимандритот Јоаникиј Ракотински ќе биде прогласен за светител

Од:

Архимандритот Јоаникиј од Ракотинци денеска во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје ќе биде прогласен за светител. Денешниот ден на официјалната канонизација ќе биде впишан во календарот на МПЦ.

Настанот е во организација на Скопската православна епархија при Македонската православна црква – Охридска архиепископија, и е во контекст на празнувањето на 50-годишнината од возобновувањето на автокефалијата на Охридската архиепиекопија во лицето на МПЦ.

Централната манифестација се одржува во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје. Претходно, со литија моштите на преподобниот Јоаникиј Ракотински беа донесени до соборниот храм. Со одлука на САС на МПЦ-ОА, тој се прогласува за светител, со називот преподобен Јоаникиј Ракотински.

Јоаникиј Ракотински по потекло е од Охрид, а се упокоил во 40-тите години на 20 век. Живеел по разни манастири во Скопје и последното негово живеалиште е во манастирот во селото Ракотинци каде се упокојува и каде ја пишува и својата позната книга „Лекарство“, тоа е сет од рецепти со билки кои ги користеле луѓето и таа во оргинал ракопис од него се чува во библиотеката на Богословскиот факултет во Скопје.

Во пресрет на впишувањето на архимандритот Јоаникиј Ракотински во списокот на светиите, синоќа се одржа вечерна богослужба во Соборниот храм, а по нејзиното завршување се одржа помен или парастос за преподобниот Јоаникиј Ракотински со кој началствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Би можело да ве интересира

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението