Архиепископски црковно-народен собор во Калишта

Од:

Јубилејно заседание на највисокото црковно-управно и законодавно тело на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископскиот црковно-народен собор ќе се одржи од денеска до 7 октомври во манастирскиот комплекс „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта, информираат од канцеларијата на Архиепископскиот управен одбор на МПЦ-ОА.

На дневен ред на Архиепископскиот црковно-народен собор, како што се наведува, ќе бидат неколку измени во Уставот на МПЦ-ОА од административен карактер, разграничување на границите и бројот на епархиите, разгледување на состојбите и животот во епархиите, како и одредување на ставови по одредени прашања од внатрешен и надворешен карактер.

Соборот е составен од делегати од сите епархии на МПЦ-ОА, и во него членуваат архиепископот, надлежните, викарните и пензионираните архиереи, по две лица од клирот и три лица од верниот народ од секоја епархија, вклучително и дијаспората, игумените на манастирите „Свети Наум Охридски“ – Охрид и „Рождество на Пресвета Богородица“ – Калишта, претставник на монаштвото, Деканот на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ и Ректорот на Средното богословско училиште, старешината на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје,

Одржувањето на соборот е во годината кога Црквата и верниот народ во Република Македонија прославуваат 60 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, кога се одбележува 1000-годишнината од формирањето на Охридската архиепископија, кога ќе се чествуваат и 75 години од Свештеничкото заседание во с. Издеглавје и 1155 години од Моравската мисија на светите браќа од Солун, Кирил и Методиј, информираат од канцеларијата на Архиепископскиот управен одбор на МПЦ-ОА.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите