Архиепископот Стефан на закројување на лозјата во Кучково

Од:

Во атарот на селото Кучково, кај Скопје, денеска по повод празникот Свети Трифун архиепископот на Македонската православна црква-ОА г.г. Стефан традиционално изврши закројување на лозата во црковниот двор на манастирчето Свети Трифун.

Беше осветена и трифунска вода и славска погача која брзо потоа им беше поделена на бројните верници дојдени на собирот по повод денешниот празник.

– Заедно се собираме и го одбележуваме овој празник онака како што доликува. Да се помолиме и да започнеме односно да направиме почеток на закројувањето на лозјата во овој град. Честит празник на сите и дај боже според трудот Господ да не дарува, а Македонија покрај многуте убавини и плодови што ги донесува и ги раѓа македонската земја грозјето и виното секако се меѓу првите места, рече г.г. Стефан.

Свети Трифун денеска, како и години наназад меѓу народот го чествуваа и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски и бизнисменот Трифун Костовски.

– Јас сакам една голема благодарност да искажам до кумовите, до неговото блаженство кој секоја година на овој ден христијански се наоѓа на падините над селото Кучково на манстирот Свети Трифун и од овде се упатува благословот за богат род на македонските полиња и на македонските земјоделци, рече Митрески.

Би можело да ве интересира

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите