Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ја посети општина Илинден

Од:

Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ја посети Општина Илинден при што оствари средба со градоначалникот Жика Стојановски.

На средбата се разговараше за тековните и реализираните проекти во Општината, меѓу кои Домот на културата, Модуларното училиште, градинката, како и за новата населба за домување „Јака“.

Средбата беше искористена Архиепископот г.г. Стефан и градоначалникот Стојановски да го посетат храмот „Свети Константин и Елена“ што е во изградба, и на самото место да се информираат за тоа како се одвиваат градежните работи.

Новата црква „Свети Константин и Елена“ ќе биде со површина од 400 метри квадратни и височина од 22 метра, а се гради на местото на старата која што е урната, а беше изградена на почетокот на 20 век.

[nggallery id=59]

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент