А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Арбитражата можност за решавање на работните спорови

by А1он20/02/2017 - 14:00141
Share0

Работниците и работодавачите отсега ќе може со помош на арбитража да ги решаваат работните спорови. За таа цел веќе 50-тина лица имаат добиено лиценца за арбитри и помирувачи од страна на Министерството за труд и социјална политика.

Добивај вести на вибер

Постапката за мирно решавање на работните спорови е доброволна и таа, според синдикатите, ќе им помогне на двете страни инволвирани во спорот да го решат проблемот вонсудски, односно на многу побрз и поекономичен начин.

– Конфедерацијата на слободни синдикати уште од самото формирање во 2005 година го промовираше овој модел за мирно решавање на споровите и се залагаше за арбитражата како поефикасен начин. Со законските практики сега се овозможи поефикасен, вонсудски начин на решавање на работните спорови од кои бенефит ќе имаат работниците и работодавачите, но и земјата во целина, изјави претседателот на КСС, Благоја Ралповски пред денешната промоција на овој механизам пред членките на синдикатот.

Засегнатите страни во работниот спор ќе можат во рок од пет дена да побараат назначување на посредник од страна на Министерството за труд и социјална политика каде се води регистар на лиценцирани арбитри.

– Работата на помирувачот, односно арбитерот е професионална, независна и тој е оној којшто ја игра улогата на решавање на спорот. Никој не смее да има влијание, истакна Филип Петровски, лиценциран арбитар.

Законот за мирно решавање на работните спорови стапи во сила во 2015 година, а досега е извршена обука за арбитри и помирувачи на околу 90 кандидати. Педесеттина од нив веќе имаат добиено лиценца за работа од страна на Министерството за труд и социјална политика.

biznis

Би можело да ве интересира

Средношколци од Прилеп наградени за бизнис идеја: мебел-коцка што се трансформира

Жарко Настоски15/03/2021 - 19:27

Азески: Политичките случувања не влијаат врз бизнисот со Бугарија

Катерина Ѓуровски24/12/2020 - 13:07

Спасовски и Апостолска: Владата направи пресврт во поддршката на бизнисите

Драган Поповски10/02/2020 - 18:23

Заев: Стравував дека ќе ми заврши животот на 27 април

Татјана Ташкова11/11/2019 - 16:45

Груевски на бизнис забава во Будимпешта

А1он11/07/2019 - 20:0712/07/2019 - 06:56

Проект „Мобилен оне стоп кариерен центар“ во 26 општини во Македонија

Ана Ололовска28/06/2017 - 09:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен