Арбр Исаку избран за заменик-претседател на Советот на јавни обвинители

Од:

Обвинителот Арбр Исаку ќе биде заменик претседател на Советот на јавни обвинители во следните две години. Одлуката за избор на заменик-претседател на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија е донесена вчера со мнозинство гласови.

Исаку ќе дојде на место на досегашниот заменик-претседател Меџит Јусуфи. Врз основа на одредбите на Законот за советот на јавни обвинители, мандатот на претседателот и заменик претседател на СЈО на РСМ е две години без право на реизбор. Воедно, Исаку оваа функција ја извршуваше и во период 2016-2018 година.

Исаку од 01.06.2004 година бил судски преведувач во Основен Суд Тетово. Од 18.06.2009 година до 22.12.2009 година бил советник во Владата, а потоа и советник во Собранието на Република Македонија. На 01.05.2016 година е избран за член на Советот на jавните oбвинители на Република Македонија, а на 22.09.2016 година е избран за заменик-претседател на Советот на jавните oбвинители на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Одложена седницата за избор на в.д. државен јавен обвинител

Советот на јавни обвинители треба да назначи вршител на должност на местото на Коцевски

Советот на јавни обвинители ќе одлучува за избор на нов претседател на Советот

Советот на јавни обвинители e против разрешувањето на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

Тајна седница на Советот на јавни обвинители

Горан Наумовски

Наташа Крстевска Цалева побарала да не биде шефица на Вишото јавно обвинителство

Катерина Ѓуровски