Арбен Таравари претседателски кандидат на албанската опозиција

Од:

Претседателот на Алијанса за Албанците и градноначалник на Гостивар Арбен Таравари денеска ќе ја официјализира кандидатурата за претседател на земјава. Тој за утрвото во Гостивар најави официјална промоција на кандидатурата која според соопштението е на предлог на Претседателството на Алијанса, а поддржана од Европскиот сојуз за промени.

– Претседателот на Алијансата за Албанците, д-р Арбен Таравари ќе ја објави својата кандидатура за претседател на државата, како предлог на Претседателството на Алијансата за Албанците, поддржано од Коалицијата Европски сојуз за промени – ЕСП. Присутни на прес конференцијата ќе бидат и лидерот на Демократското движење, г. Изет Меџити, на Движењето Беса, г. Билал Касами, на Алтернатива, г. Африм Гаши, како и претставникот на Движењето Самоопределување!, г. Беким Ќоку. Прес-конференцијата ќе се одржи на градскиот плоштад во Гостивар, се вели во партиското соопштение.

Таравари е во конфликт со поранешниот претседател на Алијанса, Зијадин Села кој застана против неговиот предлог партијата на парламентарните и претседателските избори да оди со здружената албанска опозиција. Расколот дојде од таму што, Села за в недела закажа партиски конгерс за разгледување на иницијативата за разрешување на Таравари.

Би можело да ве интересира

Таравари бара да се објават сите корисници на унгарскиот кредит

АА на Таравари определи четворица кандидати за градоначалници

Катерина Ѓуровски

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

За Таравари ВРЕДИ се изгубени во орбитата на ВМРО-ДПМНЕ поради Законот за коцкање

Катерина Ѓуровски

Таравари: Ваљбон Лимани не е кандидат, тој е новиот градоначалник на Гостивар

Таравари: Вознемиреност со чувство на вина, победата во октомври е многу блиску

А1он