Арбен Таравари – министер за здравство

Од:

Новиот министер за здравство Арбен Таравари е роден на 7 април 1973 година во Гостивар.

Дипломирал на Медицински Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1998 година. Постдипломски студии, специјализација по неврологија, завршил во 2006 година во Универзитетската Клиника за неврологија. Специјализирал семејна медицина во 2011 година на Медицински Факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, а докторирал на тема „Клинички знаци и генетика на паркинсон“ на истиот факултет.

Од мај годинава е виш научен соработник по предметот неврологија на Универзитетската Клиника за неврологија.

Во 2016 година бил претседател на Борд, Оддел на екстрапирамидални болести на Универзитетска Клиника за неврологија и Оддел за мигрени, главоболки и други болни синдроми. Во 2010 година бил едукатор/ментор за специјализации по семејна медицина на Медицинскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Во 2009 година бил член на одбор на Меѓународно медицинско списание Медикус, а од 2008 до 2012 година член на одбор во Mедицинското списание Vox Medici. Од 2008 до 2012 година бил претседател на одбор на Универзитетска Клиника за неврологија, од 2005 до 2006 година бил обучувач во проект за континуирана медицинска едукација, а во 2005 година завршил еднодневни курсеви за доктори по медицина.

Завршил средно медицински училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје, а од 2002 до 2003 година бил професор по микробиологија и невропсихијатрија.

Објавил повеќе книги и научни трудови меѓу кои: „Мигрени, главоболки и болни синдроми“ (2016), „Практикум по неврологија“ (2014), Клинички и генетски наоди кај болни со идиопатска Паркинсонова болест докторска дисертација (2011), Клиничко-епидемиолошка студија на паркинсонизмот во Скопје: магистерски труд (2006), Фармако тераписки прирачник (2006)…

Говори албански, македонски, турски, англиски и српски јазик. Оженет е и татко на две деца.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти