Арачиновец онесвестен и ограбен во парк шумата во Гази Баба

Од:

Четири маскирани лица нападнале и ограбиле 26-годишен жител на село Арачиново, завчера вечерта, во парк шумата во скопска Гази Баба.

Б.Н (26) вчера попладне во Полициската станица Гази Баба пријавил дека завчера околу 21 часот додека се движел во парк шумата во Гази Баба му било извршено разбојништо од четири непознати маскирани лица. Напаѓачите го застанале и еден од нив го удрил со боксирач во пределот на главата, а друг го фатил за ремен и го влечел по земја, по што паднал во бессознание. Кога се освестил забележал дека од џебот од фармерките му го нема паричникот во кој имало 600 евра и 3.000 денари, информира Министерството за внатрешни работи во редовниот дневен Билтен.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски