Арачиновци во Никуштак, невестата бегалка ја барале со пиштоли

Од:

Татко и петмина членови на семејство од скопско Арачиново во средата попладне тргнале во кумановско Никуштак да си ја побараат ќерката на 19 годишна возраст која заминала бегалка да живее кај своето момче.

Но разговорот меѓу несудените сватови кратко траел. Започнале расправија која кулминирала со тепачка и со неколку испукани куршуми во воздухот.

За среќа никој не бил повреден. Сватовите од Арачиново искршиле неколку стакла во куќата на момчето во Никуштак и заминале. Од СВР Куманово информираат дека извршиле увид на местото на настанот и дека преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип