Апелите од кочанските пожарникари ги даваат очекуваните резултати

Од:

Апелите од страна на вработените во Територијалната противпожарна единица на Кочани до месното население, како и зачестените контроли од страна на претставници од Полициската станица, инспектор од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од ТППЕ ги даваат очекуваните резултати, а бројот на пожари е намален, информираат од кочанската противпожарна единица.

Тоа го покажува единствениот случај на пожар кој се случил викендов во близина на фабриката за вода над градот Кочани. Се работи за запалена сува трева, меѓутоа пожарот навреме и брзо е изгаснат, па нема големи оштетувања.

Од кочанската противпожарна единица уште еднаш апелираат до населението особено до земјоделците да внимаваат и да не палат оган на отворено, особено во овој период од годината кога температурите се високи и достигнуваат над 40 степени. Ова важи за земјоделците кои по жетвата на јачменот и пченицата традиционално ги палат остатоците на нивите и создаваат проблеми на околните населени места.

Инаку од почетокот на летниот период почна да важи забраната за движење во шумските предели, при што секое движење претходно треба да биде најавено, во спротивно следуваат казни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски