Апелација Штип ја одби жалбата, Ѓоко Ристов останува во куќен притвор

Од:

Апелациониот суд во Штип ја одбил жалбата и го потврдил решението на првостепениот суд за продолжување на мерката куќен притвор на судијата Ѓоко Ристов, соопштија од судот. Со ова, Ристов останува во куќен притвор, откако одбраната се жалеше на претходната одлука за продолжување на мерката.

Судијата Ристов, кој работеше во Апелациониот суд Скопје, е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот и за перење пари. Обвинението следи откако во јануари 2026 година беа пронајдени 350.000 евра кеш, заѕидани во ѕид во куќата на неговите родители во Неготино, за кои тој, според истрагата, немал доказ за потекло и не ги пријавил во анкетниот лист.

Случајот првично започна со адвокатот Фехми Стафа, поранешен државен правобранител, кој во декември 2025 година беше фатен ин флагранти при примање 20.000 евра од договорен вкупен износ од 100.000 евра мито. Парите, според Обвинителството, биле наменети за посредување и влијание врз апелацискиот судија за укинување мерка притвор во конкретен предмет.

Стафа ја призна вината, склучи спогодба со обвинителството и беше осуден на една година и три месеци затвор за примање награда за противзаконито влијание.

Врз основа на обезбедените докази, ОЈО за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против судијата, а постапката и натаму е во тек.

Би можело да ве интересира

Случај „Ѓоко Ристов“: Обвинителството најави анализа на кредибилитет на сведокот Фехми Стафа, одбраната бара одговори за доказите

Осудениот адвокат Фехми Стафа вели дека не дал поткуп во ниту еден предмет на судијата Ѓоко Ристов

„Не мислев дека ќе одат толку далеку, не сакав децата да знаат дека имам толку пари“ – кажал таткото за парите најдени во ѕидот кај родителите на судијата Ристов

Судијата Ѓоко Ристов негира вина за пронајдените 350.000 евра кај неговите родители

Обвинителството тврди: ДНК доказите клучни во обвинението против апелациониот судија Ристов за заѕиданите 350.000 евра

Горан Наумовски

Обвинение за судијата Ѓоко Ристов кај чии родители беа пронајдени 350 илјади евра

Катерина Ѓуровски