Апелација се уште без одлука за Груевски и Поповски за „Тенк“

Од:

Апелацискиот суд Скопје се уште нема донесено одлука по жалбата на првостепената пресуда за Никола Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“.

Од Апелација појаснуваат дека откако ќе биде донесена одлуката Судот во рок до 60 дена ќе треба да ја изготви, објави МИА.

На јавната седницата на Апелацискиот суд на која се расправаше по жалбата на првостепената пресуда за Никола Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“, претседателката на судечки совет Цветанка Периќ рече дека одлуката ќе биде објавена од Кривичен суд до каде ќе биде испратена.

По првостепената пресуда за „Тенк“ поднесени се шест жалби, четири од адвокатите на Груевски, една лично од Груевски и една од Ѓоко Поповски.

За случајот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски е осуден на шест години и шест месеци затвор.

Би можело да ве интересира

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Апелација: Двојно повисока казна за двајцата директори обвинети за пожарот во модуларната во Тетово

А1он

Фетаи: Преку барање на повисока казна, не бараме освета – казната затвор не е само бројка, туку став

А1он

Турција почна со производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор

А1он