А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Апелација ја продолжи седницата без адвокатите на Груевски, одбраната побара изземање на Судскиот свет

by А1он31/08/2018 - 10:4431/08/2018 - 16:35294
Share0

Апелацискиот суд одлучи да го одбие барањето на обвинетиот експремиер Никола Груевски за одложување на седницата поради отсуство на неговите адвокати.

Добивај вести на вибер

Бранителот на помошникот – министер во МВР, Ѓоко Поповски, Стерјо Зиков во име на четворицата адвокати на Груевски побара изземање на Судскиот совет. Согласно барањето на одбраната, Судскиот совет даде 30-минутна пауза по која ќе се одлучува за барањето.

„Доколку не се овозможи бранителите на Груевски да бидат присутни на седницата, со тоа сериозно се загрозува правото на одбрана”, рече Зиков.

Претходно судијката Цветанка Перишиќ одлуката да се одбие барањето за одложување на седницата ја образложи со тоа што неприсуството на адвокатите на Груевски е нивна лична одлука и дека не е причина за да се одложи седницата. На оваа одлука имаше примедба адвокатот Стерјо Зиков кој рече дека адвокатите не можат да дојдат поради обврски со судењето за случувањата на 27 април.

Зиков побара заеднички да најдат термин, со цел непрекинато да се одвива седницата на која се одлучува за затворските казни за екпремиерот Груевски и за високиот функционер на МВР, Поповски.

Груевски кој присуствуваше на денешната седница рече дека има ангажирано цело адвокатско друштво кое случајот го разгледува од повеќе аспекти и дека е неопходно неговата одбрана на биде присутна на седницата на која се разгледуваат жалбите.

Виктор Јованов

apelacijatenk

Би можело да ве интересира

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Горан Наумовски21/01/2026 - 15:37

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он20/01/2026 - 16:3620/01/2026 - 16:42

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он20/01/2026 - 15:18

Апелација: Двојно повисока казна за двајцата директори обвинети за пожарот во модуларната во Тетово

А1он24/12/2025 - 16:2924/12/2025 - 17:34

Фетаи: Преку барање на повисока казна, не бараме освета – казната затвор не е само бројка, туку став

А1он06/10/2025 - 17:2006/10/2025 - 17:32

Турција почна со производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор

А1он06/09/2025 - 18:3006/09/2025 - 16:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен