Апелација ќе одлучува дали да го пушти од куќен притвор Орце Камчев

Од:

Апелационитe судии на седница закажана за попладнево треба да ја разгледаат жалбата на адвокатот на бизнисменот Јордан Камчев, да му биде укинат куќниот притвор во случајот „Империја“ на СЈО. Жалбата на Камчев до второстепениот суд била поднесена пред Врховниот суд да го донесе начленото правно мислење за истрагите на специјалното јавно обвинителство. И останатите осомничени поднеле жалба да им биде укината оваа мерка. Кривичниот суд им го продолжи куќниот притвор на осомничените во оваа финансиска истрага на СЈО.

Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски се осомничени за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Во предистражната постапка, СЈО тврди дека обезбедило доволно докази од кои произлегло основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Апелација: Двојно повисока казна за двајцата директори обвинети за пожарот во модуларната во Тетово

А1он

Фетаи: Преку барање на повисока казна, не бараме освета – казната затвор не е само бројка, туку став

А1он

Претседателот на Кривичен суд Џолев избран за судија во Апелација

Катерина Ѓуровски