Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири

Од:

Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата на Основниот кривичен суд Скопје против поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири за злоупотреба на службена положба и овластување и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд.

Постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ- 16/24, по одржана јавна седница на 05 јуни годинава, на 06 септември, Апелациониот суд Скопје донел одлука со која ја уважи жалбата на обвинетиот М.З. од С. и пресудата на Основниот кривичен суд Скопје по жалбата и по службена должност, ја укина и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд.

-Жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, изјавена по однос на одлуката за конфискација, ја оцени како беспредметна во оваа фаза на постапката, се вели во соопштението од Апелација.

При повторното постапување, се вели во решението по предметот од Апелација, потребно е првостепениот суд да ги отстрани констатираните суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка од член 414 став 1 точка 11 од ЗКП, на начин што најпрвин ќе ги утврди сите решителни факти во предметот, кои што имаат битно влијание за правилна примена на Кривичниот законик, при оценката за постоење на предметното кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот.

-При повторното постапување, потребно е првостепениот суд да ги изведе доказите предложени од странките во насока на утврдување на решителните факти на кои е укажано во ова решение, па по спроведувањето на доказната постапка и изведување на доказите предложени од странките, во зависност од утврденото, со правилна примена на Кривичниот законик, првостепениот суд да се произнесе за постоење на предметното кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот, донесувајќи правилна и законита судска одлука, која ќе може во целост и со сигурност да се испита, се вели во решението од Апелација.

Основниот кривичен суд Скопје во декември минатата година го огласи за виновен и го осуди на две години и шест месеци затворска казна поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири за склучување два договори за консултантски услуги без да спроведе соодветна постапка за јавни набавки. Освен казната затвор, Зеќири, судот го задолжи да ја надомести и штетата нанесена на Буџетот на државата во износ од 71 338 336 денари

Зеќири е осуден за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, односно според членот 353 став 4 од Кривичниот законик за кој со последните измени на Законикот е предвидена казна од една до пет години.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Судијката Ристеска се враќа во Кривичен суд до објавување на пресудата за Ласкарци

Александар Тодески

Судски совет ќе ја враќа судијката Ристеска во Кривичен суд за да го спаси предметот Ласкарци

Александар Тодески

Зеќири ќе поднесе жалба на пресудата: Спроведував умисла на владата и Битиќи

Александар Тодески

Две и пол години затвор за Мухамед Зеќири, треба да врати и над 71 милион денари во државниот буџет

Александар Тодески