Апелација ја укина ослободителната пресуда за Латас

Од:

Одново ќе им се суди на новинарот Драган Павловиќ-Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан, кои СЈО ги гонеше бесправно градење викендички во Зелениково во предметот „Тревник“, откако Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда која ја донесе Кривичниот суд-Скопје.

Претседателката на Апелациониот суд, Лидија Димчевска за „А1он“ вели дека не ги знае причините поради кои е донесена одлуката, но потврди дека предметот е вратен кај судијата кој претходно го судел.

„Уникатна е пресудата. Причините не ги знам, не сум побарала се уште таква информација. Дадени се напатствија за постапување, предметот се враќа на повторно судење и е доставен до првостепениот суд“, вели Дамчевска за „А1он“.

Првостепената пресудата ја изрече судијката Марија Клетничка-Марковска, која заедно со судечкиот совет констатираше дека браќата Павловиќ немале сторено кривично дело. Пресудата беше донесена во јули 2019 година, а ја обжали тогашната специјална обвинителка Катица Јанева. Обвинението го застапуваше обвинителката Елизабета Јосифовска.

Според обвинението, во временскиот период од јули 2011 година до јануари 2013 година во општина Зелениково, спротивно на Законот за градење, обвинетите граделе без одобрение од надлежен орган, на земјиште кое е во нивна сопственост.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Обвинителката Џабирова Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

Судот стави крај на случајот „Тотал“ – обвинението против Латас е одбиено

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни

Судењето против Латас и Лазаров одложено за 19 јуни