Апелација ја преиначи пресудата за сообраќајката кај „Млечен“, виновникот ќе оди во затвор две години

Од:

Сопругата на тетовецот Гоце Димитриевски, кој пред повеќе од две години загина во страотна сообраќајка кај „Млечен ресторан“ во скопски Капиштец, на Твитер објави дека Апелациониот суд ја преиначил првичната пресуда за условна казна за виновникот за несреќата, и дека тој со новата пресуда ќе оди две години во затвор, а добил и забрана за управување со возило во времетраење од две години.

32-годишниот Димитриевски загина кога тој и неговата бремена сопруга Наташа, кои се возеле на мотор, ги удри возачот на џип, тогаш 61-годишниот Васил Чорбаџиев, кој преминал преку две полни линии, вртејќи во забранет правец. Сопругата Наташа беше тешко повредена, а како последица на ужасната несреќа, го загуби бебето.

„Апелациониот суд Скопје ја преиначи казната за сообраќајната незгода кај Млечен и одлучил Васил да оди 2 години во затвор и 2 години да не управува пмв, затоа што ми го одзеде најмилото,“ напиша на Твитер Димитриевска.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски