Aпелација ги чека жалбите за продолжениот притвор на осомничените за крвавиот четврток

Од:

До Апелацискиот суд во Скопје нема пристигнато жалби на адвокатите на осомничените за крвавиот четврток за продолжувањето на притворот, велат од второстепениот суд. Oсновниот суд 1 во Скопје на предлог на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на 27 декември 2017 година им го продолжи притворот за нови 30 дена на поранешниот министер за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, на пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, како и на организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски и на уште шестнаесетмина осомничени за насилствата во Собранието.

Куќниот притвор им е продолжен на пратениците Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и на уште еден осомничен, додека за С.М. и М.М. судот го прифати предлогот на обвинителството за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор. Рокот за жалба е 48 часа од приемот на решенијата.

Би можело да ве интересира

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Апелација: Двојно повисока казна за двајцата директори обвинети за пожарот во модуларната во Тетово

А1он

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Фетаи: Преку барање на повисока казна, не бараме освета – казната затвор не е само бројка, туку став

А1он