Апелација денеска не расправала за притворот на Боки 13

Од:

Апелацискиот суд денеска не ја разгледувал жалбата за притворот првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски.

Од Апелацискиот суд , информираат дека денеска не е одлучувано по жалбата за притворот на Бојан Јовановски – Боки 13 и дека е можно да се состанат во среда.

Беше закажано за денеска, но тој го повлече предлогот за јавна седница и сега ќе се одлучува на нејавана седница. Утре не, можно е во среда да се состанеме, информираат од Апелацискиот суд.

Бојан Јовановски во меѓувреме останува во притвор во КПУ Затвор-Скопје, каде што беше вратен по неколкудневна хоспитализација во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Во Кривичниот суд во Скопје утре треба да се одржи првото рочиште за случајот „Рекет“ во кој заедно со Бојан Јовановски – Боки 13, обвинети се и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичееч, кои се наоѓаат во домашен притвор.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески