Потребна е итна парична помош за младиот Охриѓанец Трајан Целески-Тачо кој боледува од мозочен тумур и е потребна итна операција во Италија. Апел од неговите пријатели и блиските до цела Македонија да се соберат средствата што побрзо. Тачо кон крајот на идната недела мора да замине во Италија на оперативен зафат. Жителите на Охрид собираат средства, но се уште не се доволни.
Фудбалската школа „Фер Плеј“ и заедно со спортско рекреативен центар Климент Колески со таа цел викендов организираат турнир со хуманитерен карактер.
Сите средствата собрани од турнирот ќе бидат наменети за лекување на охриѓанецот Трајан Целески-Тачо.
– На наш сограѓанин потребна му е итна финансиска помош за лекување во Италија. Затоа ги повикуваме сите вљубеници во детскиот фудбал да дојдат и донираат за момчето. – стои во соопштението од Фер Плеј.
Донации за Тачо можат да се уплатат на сметката во НЛБ Тутунска Банка 210-5016638144-71.
За донации од странство потребни се следните податоци: