Апел од Црвен крст за помош на настраданото население од тетовско

Од:

Помош со донирање вода за пиење, средства за хигиена, храна, ќебиња… е потребна за погодените домаќинства во Тетовскиот регион од синоќешното невреме.

Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст во Момин Поток од 8 до 16 часот секо ден до 15 овој месец. Контакт телефон за предавање донација: 3096-227.

Од Црвениот крст на РМ информираат дека заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат и со обезбедување парична помош на сметката на Фонд за солидарност: 300000001327966, ДБ: 4030984271620 – Комерцијална Банка, како и со донирање 100 денари со повик на телефобнските броеви: 075/070/077 143-400.

Црвениот рст следејќи ги случувањата на терен, донираните парични средства ќе ги насочи наменски за помош на настраданото население од поплавите, се вели во соопштението.

Досега Црвениот крст дистрибуираше помош, 100 пакети храна, 200 средства за хигиена, 150 сетови за дезинфекција, 400 ќебиња, 30 душеци, 10 вреќи за спиење и 1.260 литри флаширана вода за пиење. Во текот на денов дополнително ќе бидат дистрибуирани и 15 тони вода за пиење.

Синоќешното невреме во Тетовскиот регион одзеде четири човечки животи, едно лице се води за исчезнато, а 11 се повредени, и предизвикаа материјални и штети. Во Тетово утре и задутре се прогласени денови на жалост.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Катастрофални поплави во Шпанија: Пороите носат сè пред себе, луѓе се заробени во автомобили

Двајца полицајци од Тетово помогнале во уништување на докази за двајца уапсени дилери

Горан Наумовски

Бугарија се справува со последиците од катастрофалните поплави, Радев се заблагодари за понудената помош од Македонија

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

(ВИДЕО) Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

А1он

Почетокот на судскиот процес за театарот и библиотеката повторно одложен – нов термин закажан за 8 октомври