Апел на Синдикатот на новинари до пратениците: Не го усвојувајте предлог-законот

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најостро го осудува предлог законот поднесен од пратеникот од ДУИ, Талат Џафери и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски.

“Без сомнение овој предлог-закон е кршење на членот 16 од Уставот на Република Македонија во кој се наведува дека цензурата е забранета. Предлог законот недвојбено преставува обид за цензура која е неприфатлива за која било земја која сака да се декларира како демократска.

Одредбата во која се предвидува дека“тој што неовластено поседува, обработува и располага на било кој начин со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации, ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години” дополнително ја загрозува кревката слобода на изразување и ќе преставува сериозна закана за работата на новинарите.

Апелираме пратениците да не го изгласаат овој закон и да сторат се што е во нивна можност тој да не помине во собраниските процедури”, стои во вечерашното соопштение на ССНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ и ССНМ реагираат за начинот на постапување на полициски службеници кон новинари во пелагонискиот регион

Предраг Петровиќ

ССНМ бара зголемување на минималната плата како начин за зачувување на слободата на медиумите и дигнитетот на новинарите

ССНМ предупредува на непрофесионалниот однос на организаторот кон новинарите на прославата на Илинден на Крушево

Катерина Ѓуровски

ССНМ бара Македонија да реагира и да помогне во спречувањето на хуманитарната катастрофа во Газа

ССНМ: Апелот на Министерството за здравство претставува потенцијална цензура

ССНМ бара даночно ослободување на придонесите на новинарите и медиумските работници