Апел да не се палат огнови на отворено во Скопје

Од:

Град Скопје апелира до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на Божикните празници со цел да се заштити животната средина и амбиентниот воздух.

Апелот е усогласен со градоначалниците на сите скопски општини кои решија да се откажат од доделувањето дрва од општините за оваа намена, со цел да се спречи дополнителното загадување на воздухот во Скопје.

Во изминативе две години Градот Скопје интензивно се бори против огновите на отворено, со единствена цел – да се заштити воздухот од загадување и да се зачува здравјето на граѓаните. Оваа градска управа воспостави целосно нов систем за елиминација на огновите на отворено кои граѓаните можат да ги пријавуваат на телефонската линија 193.

Така, во 2018 година се изгаснати 251 оган на отворено, а во 2019 година дури 273 огнови. Оваа активност Градот Скопје ја продолжува и оваа година.

Би можело да ве интересира

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот