Апасиев: Во состојба на џунгла, немојте да се чудите, кога некој родител на кој некоја дрогирана битанга му прегазила дете на пешачки, ќе ја земе правдата во свои раце

Од:

„Кривичниот суд се брани дека сообраќајќите биле општествен проблем. Во ред. Се согласувам, колеги, пише лидерот на Левица, Димитар Апасиев по повод соопштението на Кривичниот суд во случајот со прегазената и убиената Фросина.

„Но, нели ние ги учиме студентите по право дека вашата судиска улога е, преку соодветно одмерување на санкциите и казнената политика, да направите генерална превенција ако воочите таков “општествен проблем”.

А што правите вие, драги судии? Со години ги олабавувате критериумите до непрепознатливост и под влијание, врски, мито… судите преблаги казни под законскиот минимум, дури и во случаи со смртни последици кои не биле баш “несреќни случаи” (туку резултат на дрога, алкохол и аздисаност).

И затоа, баш во вакви случаи, секој јуснатуралист ја сфаќа длабоката суштина на древното талионско начело(“Око за око, заб за заб”). Оти, ако Државата преку imperium-от кој им го дала на судиите, не ги штити нашите животи, тогаш ние живееме во преддржавна состојба! А во таквата состојба на џунгла, немојте да се чудите, кога во блиска иднина некој родител на кој некоја дрогирана битанга му прегазила дете на пешачки, ќе ја земе правдата во свои раце и сам ќе му пресуди на убиецот кој има протекции и секаде поминувал неказнето, оти е “наше дете” заштитено од некој буџовански властелин.

Ете, гледате ли до што не’ доведовте, драги наши корумпирани расипани обвинители и валкани пандури. Да живееме во дивјачка средина – без право, морал и закони. Јаз’к да ви се тогите што ги носите (со чест на ретките исклучоци)”, пише Апасиев.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК: До 18:30 излезеноста 44,57 отсто, гласале 7.241 избирачи