Апасиев: Власта неуспешно ја саботира Надзорната расправа за аерозагадувањето

Од:

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Димитар Апасиев, на денешната прес-конференција објави дека, и покрај сите обиди за саботажа, Надзорната расправа за аерозагадувањето ќе се одржи согласно првично предвидениот распоред.

„Спикерот на Собранието веќе ми го препрати барањето на 20 пратеници за свикување Надзорна расправа, а јас, како претседател на Комисијата и службено лице, имам не само право, туку и обврска да ја спроведам. Доколку тоа не го сторам, ризикувам кривична пријава за непостапување по службена должност“ – изјави Апасиев, повикувајќи се на член 21 став 3 од Законот за Собранието и член 214 став 5 од Деловникот.

Тој истакна дека во изминатите денови постоела правна недоумица, бидејќи Спикерот испратил втор допис повикувајќи се на мислење од Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, но Апасиев поднел управен приговор оспорувајќи го тоа мислење.

„Ова мислење нема правна сила ниту за мене, ниту за Спикерот. Дополнително, неговото носење е резултат на потенцијален судир на интереси на претседателот на комисијата, Миле Лефков, за што ќе поведеме постапка пред ДКСК“ – изјави Апасиев.

Тој нагласи дека во случаи кога повеќе комисии имаат надлежност, правото на избор му припаѓа на подносителите на барањето – во овој случај, 20-те потпишани пратеници.

„Ги поканувам сите веднаш по прес-конференцијата да ја проследат Надзорната расправа во салата ‘Борис Трајковски’, каде веќе пристигнаа и гости“ – заклучи Апасиев.

Би можело да ве интересира

Апасиев: Тошковски е бескрупулозен министер, кој е познат како „адвокат на урбаната мафија”

Апасиев: Се подготвува кривичната за Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ: Левица и Апасиев декларативно беа против извршители, а на дело од нив купуваат одземен имот од граѓани

Апасиев: Дали владата формирала илегален „Кризен штаб“ за трагедијата во Кочани?

Aпасиев: Има договор помеѓу ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ законот за бранители никогаш да не стигне на дневен ред

Левица во Корча – Албанија: Поддршка за македонското малцинство против бугаризација на Македонците