Апасиев: Велат дека јас сум личел на Че Гевара, но нашиот Талат е тој, кој од герила директно влезе во Собрание

Од:

Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, на ироничен начин од собраниската говорница го образложи предлог-текстот за собранискиот спикер Џафери, кој го нарече „празен хвалоспев од празни зборови“. Единствен аргумент, како што рече Апасиев, поради кој би гласал за Џафери, е затоа што му одржал „службен натпревар за почитување на законите на претседателот Пендаровски со 3:0“, споредувајќи го претседателот на Собранието со Че Гевара.

„Ми велат на улица сум личел на Че Гевара, затоа што сум носел таква брада и облека, но јас би рекол дека Талат е нашиот Че Гевара – од герила директно во Влада, по тоа што му одржа службена утакмица на Пендаровски, со три-нула. Рече не може да се свика Собрание без спикер. Ова мора да му се честита. Веројатно бидејќи е воено лице, има подобри советници од Пендаровски“, рече Апасиев.

Пратеникот на Левица, читајќи дел од текстот, рече дека Џафери не бил одраз ниту на ефикасноста, ниту на безбедноста, ниту пак бил чувар на Деловникот, како што рече, што го фалеле во текстот предлагачите. Вели дека му замерува на Џафери што отфрлал амандмани на опозицијата, што не се потпишувал на документите со кирилица каде што стоело дека треба кирилично писмо, што не се обратил ниту еднаш на македонски јазик.

„Хвалоспев број три: претседателот е должен да обезбеди севкупна стабилност и напредок и тоа успешно го прави напишан од оние што си ставаат северна на Мaкедонија. По овие знамиња се гледа како се наредени ние сме најколоритното Собрание. Ние сме една од 30 членки на Нато каде во уставите се вели дека суверенитетот доаѓа од граѓаните, не од Кале. Треба да додадеме и едно американско знаме, да се знае кој ја води РМ, да го направиме уште поколоритно,“ рече Апасиев.

Тој додаде дека Левица нема да гласа за Џафери, а на пратениците на ДУИ им порача дека Џафери не е револуционерниот избор, потсети дека во президиумот на АСНОМ бил Aлбанецот Неџат Аголи, кој заради своите демократски убедувања бил и на Голи Оток за време на поранешна Југославија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет