Апасиев: Тошковски е бескрупулозен министер, кој е познат како „адвокат на урбаната мафија”

Од:

Откако вчера пратеничката група на Левица поднесе Интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денес се огласи и претседателот на партијата и пратеник Димитар Апасиев.

Апасиев, во објава на социјалните мрежи, укажува дека досега, при секоја голема трегедија, актуелните министри си поднесувале оставки, кои потоа премиерите (Груевски и Заев) – „не им ги прифаќаа!? Во Србија дури падна и Владата за трагедијата со 15 загинати во Нови Сад!“

„Но, овој бескрупулозен министер, со образ ѓон, кој е познат како “адвокат на урбаната мафија” – нема ниет да ја сфати суштината на оставката од морални причини, иако МВР и те како е криво за она што се случи во Кочани, каде што загинаа 60-на луѓе, а над 200 се повредени! Овој послушник на премиерот, има само една задача – да ја заташка истрагата со цел ниеден актуелен функционер-вмроид да не одговара! Затоа, ние му поднесовме ИНТЕРПЕЛАЦИЈА и со него ќе се соочиме машки на собраниска седница“, пишува Апасиев на социјалните мрежи.

Интерпелацијата за Тошковски која вчера ја поднесе Левица, како што информираа е затоа што од позиција на министер, грубо ја занемарил и несоодветно ја извршувал својата јавна функција, постапувајќи нестручно, неодговорно и непрофесионално што довело во низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови промашувања во МВР.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови