Апасиев: Левица ќе продолжи да биде единствениот глас на младите

Од:

Вчера се одржа Втората годишна конференција на Црвена Младина со присуство на претседателот на Левица, проф д-р. Димитар Апасиев, претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска, гости од младински организации од Србија и Хрватска, останати членови на президиумот на Левица и многу млади членови на Левица, каде што имаа можност да слушнат инспиративни пораки кои служат како постојан поттик во нашата борба, но и плодни идеолошки дискусии кои ни служат како водилка, велат од Левица.

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев истакна дека Левица е партија на младите и тие млади се моторот на Левица кои секогаш се присутни на барикадите кога е најпотребно. Притоа додаде дека Левица ќе продолжи да биде единствениот глас на младите и единствениот нивни застапник во институциите.

„Во вториот дел од конференцијата преку панел дискусија, претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска имаше можност интерактивно да дискутира за најгорливите проблеми на младите денес. Професорката потенцираше дека идниот претседател на Македонија треба да биде некој кој конечно ќе ги слуша младите и заедно со нив да работи на нивно задржување тука. На конференцијата беше истакнато за зголемената меѓународна сорабокта на Црвена Младина, за што говори и присуството на гости од СКОЈ, Србија и Млади Социјалисти, Хрватска, меѓутоа и бројните честитки кои стигнаа од нашите интернационални пријатели од Ирска, Норвешка, САД, Романија, Србија, Хрватска. Црвена Младина е единствениот политички подмладок кој има раст во Македонија, кој автентично ги артикулира проблемите на младите но и се бори институционална промена. Преку Црвена Младина, на младите повторно им стана кул да се политички активни. Не зборувај за промена. Направи ја. Биди дел од баукот кој кружи над нацијата“, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ – Левица разговара со сите опозициски чинители

Предраг Петровиќ

Левица ќе присуствува на трибината на Платформата „12:05“ – со своја позиција во разговорот за следната политичка фаза

Предраг Петровиќ

Крмов: Најавуваме радикализација доколку не се исправи неправдата – почнуваме со иницијатива за укинување на платеното политичко рекламирање

Катерина Ѓуровски

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права