Апасиев и Мециновиќ ја посетија кубанската амбасада во Софија, изразија солидарност со народот на Куба

Од:

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, заедно со пратеникот Амар Мециновиќ, денеска ја посетија кубанската амбасада во Софија, каде оствариле средба со амбасадорката Н.Е. Мариета Гарсија. На средбата, како што соопшти партијата, била изразена „цврста и недвосмислена солидарност со народот на Куба“.

Според Левица, Куба со децении се соочува со „неправедна, незаконска, нехумана и злосторничка економска блокада“, која ја оценуваат како „систем на колективно казнување“ што ги ограничува основните права, вклучително и правото на развој, здравство и образование.

Во соопштението се наведува дека Куба „останува симбол на отпор, достоинство и интернационална солидарност“, посочувајќи на нејзината улога за време на глобалната пандемија, кога испратила медицински тимови и поддршка во повеќе земји, меѓу кои и Македонија.

„Кубанските лекари, водени од идејата за хуманост, а не профит, беа таму каде што беше најпотребно“, се вели во партиското соопштение.

Од Левица додаваат дека во услови на актуелни економски тешкотии и притисоци врз Куба, „обврска е да се возврати со јасна политичка поддршка“.

Партијата бара укинување на блокадата и почитување на правото на Куба на самоопределување и развој без надворешни притисоци, како и „свет заснован на соработка, а не на доминација“.

Воедно, Левица упатува и критика до Министерството за надворешни работи, барајќи „да прекине да слугува на туѓи насилнички интереси и да го избере правецот на мирот и соработката“.

Би можело да ве интересира

Левица: Енергетска криза без план – доцнењето со мерките ги чини граѓаните милиони

Горан Наумовски

Цела Куба повторно е во мрак

А1он

Левица: Од калкулации до амнезија, Мицкоски го поништи сопствениот став и ноншалантно на граѓаните им ги препушти калкулациите како да се снајдат за преживување

Мојсоска: Скандал со кандидатите за Антикорупциска – „по грешка“ донирала за ДПМНЕ

Горан Наумовски

Левица со Предлог-закон за ограничување на учевството на армијата во странски операции

Левица: Скопје како плен, реваншизам, неспособност и системско уништување под ДПМНЕ и Ѓорѓиевски

Горан Наумовски