Кандидатот поддржан од Левица, Перо Камиказа прво го „даде“ гласот на Петре Шилегов, а сега се премислил-гласот ќе и гo даде на Данела Арсовска.
„Под притисок” на ДПМНЕ, сепак решив мојот глас да го дадам за Данела. Но, победник на овие изборни има само ЕДЕН. ЈАС, напиша тој на неговиот ФБ профил.
Токму денеска, лидерот на Левица, Димитар Апасиев напиша дека Данела Арсовска користи привилегиран пакет пари кои припаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ и ААА иако како независен кандидат ја следуваат многу помалку.
-Данела Арсовска, официјално, е независен кандидат за градоначалник на Скопје, со различен број на гласачкото ливче од ДПМНЕ. Правно гледано, немаат ни склучено договор за коалиција. Тоа значи дека, по закон, и следува само 3% од буџетот за платено политичко рекламирање (околу 15.000 ЕУР) и само 30 секунди на секој час емитувана програма – како и за сите останати “независни кандидати”, напиша на својот ФБ профил пратеникот на Левица, Димитар Апасиев.