Апасиев: Фасцинантна е вашата ароганција и креативност со цел да ги заташкате работите

Од:

Повеќе од пет месеци генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, одбива да ѝ достави одговор на пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, за тоа кој пратеник колку средства зел за патни трошоци и кирии. Ваквото прикривање, ароганција, грубо кршење на деловничките и законски одредби, нетранспарентност – и денес беше причина за одложување на собраниската седница за еден час по барање на пратеникот и лидер на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, којшто во своето процедурално обраќање ги цитираше членовите од Деловникот кои службите под контрола на власта и спикерот Африм Гаши не ги почитуваат и истакна:

„Фасцинантна е вашата креативност кога сте на власт, кога треба нешто да заташкате, со таа неизживеана колективна сатисфакција дека, ете „ви се може” да ги зафркавате пратениците. Што мислите? Дека нема да дознаеме дека во изминативе 15 години ДПМНЕ зело четири милиони евра за патни трошоци? Дека СДСМ има два милиони евра? Дека ДУИ има 700 илјади евра? Сомнежот дека пратениците паралелно, злоупотребувајќи ја функцијата, земале и средства за патни трошоци и за кирии – станува сѐ пооснован поради ваквото игнорирање и недоставување на одговор на прашањето и повикот за транспарентност – рече Апасиев.

Би можело да ве интересира

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола

Левица: Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома

Горан Наумовски

Левица предлага закон за двојно зголемување на износот за поврат на ДДВ по физичко лице