Антитерористичка акција на МВР за приведување припадници на ИСИЛ

Од:

МВР од рано утринава спроведува антитерористичка акција во неколку градови во државата за апсење членови на ИСИЛ.

– Антитерористичката акција на МВР е за приведување лица за кои постојат сомненија дека учествувале во паравоени формации во Сирија и во други региони каде има воени конфликти, како и лица кои врбувале македонски државјани за да учествуваат во борбите во Сирија, потврди за МИА портпаролот на МВР Иво Котески.

Акцијата, која е во завршна фаза, се одвива во неколку градови. Претреси се извршени во Скопје, Струга, Куманово, Тетово, Гостивар. За финалната фаза се ангажирани специјалците на МВР.

Подетални информации МВР најави во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он