Антикорупциска: Жерновски давал неточни и непотполни податоци за својот имот

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од коалицијата „Сојуз за иднината“ Андреј Жерновски давал неточни и непотполни инфомации за неговиот имот што создава основа за барање кривична одговорност, соопшти денеска Државната комисија за спречување на корупцијата.
Ваквата оценка следи по направениот увид во сите анкетни листови што ги има давано Андреј Жерновски во својство на пратеник од 2003 година до денес, обезбедените имотни листови за имотот што се води на негово име во Агенцијата за катастар на недвижности и документите од Централниот регистар на РМ.

– Врз основа на вака направениот увид ДКСК констатира низа неправилности со кои е прекршен Законот за спречување на корупција согласно со кој избраните и наименуваните лица податоците ги даваат на пропишан образец и се должни да ги дадат сите барани податоци со детален попис на имотот и со обврзно наведување на основот на стекнување. Со споредбата меѓу посочените документи и обврските од Законот за спречување на корупцијата ДКСК заклучи дека лицето Андреј Жерновски има давано неточни и непотполни податоци за својот имот кои се разликуваат во повеќе сегменти и тоа: во адресите, во наведените квадратури, во основот на стекнување на имотот и во деловите врз кои лицето има право на сопственост, односно на користење имот, стои во соопштението од ДКСК.

Ваквата фактичка состојба, се додава, овозможува поведување две постапки што произлегуваат од Законот за спречување на корупцијата, прекршочна постапка и барање до УЈП за испитување на имотот и имотната состојба. Фактите истовремено создаваат основани сомневања дека има елементи од кривичното дело противправно стекнување и прикривање имот од членот 359-а од Кривичниот Законик на РМ.

Како што се појаснува, Државната комисија за спречување на корупцијата отворила предмет по информациите во јавноста за имотот на Андреј Жерновски на сопствена иницијатива на 21 март, а во контекст на анкетните листови што ги има доставено како пратеник до ова тело, во врска со неговиот имот. До ДКСК вчера во однос на имотот на Жерновски претставка поднесе и ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

Изгласан новиот состав на антикорупциска

Во Собрание избор на новиот состав на ДКСК

Катерина Ѓуровски

Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција

Кривична одговорност за директорот на Агенцијата за филм и за неколку градоначалници на Радовиш бара Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Професори од УКИМ бараат пријавата против ректорката Ангелова да биде приоритет за Антикорупциска

Катерина Ѓуровски