Антикорупциска утврдила 710 случаи на неподнесување анкетен лист за имотна состојба

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) од увидот во изданијата на Службен весник од 2021 година и по увидот во својата евиденција утврдила дека во 710 случаи по избори и именувања односно престанок на функцијата не е исполнета законската обврска односно во законски предвидениот рок од 30 дена лицата не поднеле анкетен лист до Антикорупциската комисија.

Против сите лица за кои е утврдено дека во законски утврдениот рок не ја исполниле законската обврска за поднесување анкетен лист до Антикорупција, информираше на денешната седница Билјана Ивановска, претседател на ДКСК, ќе им се издаде прекршочен платен налог, за сторен прекршок во членот 82 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

– Ова значи дека се работи по сите овие предмети, се обезбедуваат податоци онаму каде што недостасуваат, имајќи предвид дека во Служебен весник има податоци само за име и презиме, нема матични броеви, така што за сите овие лица ќе им се изработат платни налози односно ќе започне прекршочна постпака понатаму доколку не ги платат платните налози, појасни Ивановска, додавајќи дека како ќе бидат завршувани предметите на кого се однесуваат, така ќе бидат и објавувани.

Би можело да ве интересира

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

Изгласан новиот состав на антикорупциска

Во Собрание избор на новиот состав на ДКСК

Катерина Ѓуровски

Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција

Кривична одговорност за директорот на Агенцијата за филм и за неколку градоначалници на Радовиш бара Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Професори од УКИМ бараат пријавата против ректорката Ангелова да биде приоритет за Антикорупциска

Катерина Ѓуровски