Антикорупциска со јавна опомена за пет лица за судир на интереси

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска соопшти дека констатирала состојба на судир на интереси кај пет лица, на кои им е изречена јавна опомена.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување на судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба на судир на интереси, ДКСК соопшти дека се обратила лично до наведените службени лица со барање во рок од 15 дена, сметано од денот на приемот на барањето, доброволно да се откажат од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршуваат и ќе ја спречат состојбата на судир на интереси во која се наоѓаат.

– Томислав Белакапоски, Часлав Јовановиќ, Орце Симов, Драги Давчевски и Аки Акиов не постапија по барањето на Државната комисија, поради што Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на овие лица да им изрече мерка јавна опомена, стои во соопштението од ДКСК.

Белакапоски истовремено со функцијата член на Совет на Општина Прилеп на која е избран на локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на Трговско друштво за транспорт, превоз и услуги „Транс – глобал“ Илија ДООЕЛ увоз – извоз Прилеп.

Јовановиќ истовремено со функцијата член на Совет на Општина Старо Нагоричане на која е избран на локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за противпожарна заштита „Превентива ДПД“ Перо Чичо ДООЕЛ Куманово.

Симов со функцијата член на Управен одбор на Фондот за иновации и технолошки развој избран од Владата на Република Македонија ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – Друштво за производство, трговија и компјутерски активности „Компјунет – инжинеринг“ ДООЕЛ Орце увоз – извоз Македонска Каменица и овластено лице на подружница во Скопје.

Давчевски со функцијата член на Совет на Град Скопје на која е избран на локалните избори одржани 2013 година ја извршува и функцијата овластено лице на подружница – раководител на подружница – КАЛЕ Скопје.

Акиов со функцијата член на Совет на Општина Кочани на која е избрана на локалните избори одржани 2013 година прима и соодветен паричен надоместок за членување во Здружение на граѓани ЗПР – Штип.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со одлуката на ДКСК се потврдија лагите за Јован, го обвинија и го судеа без докази само затоа што ми е син

Антикорупциска ќе иницира постапка против заменик министер за распоредување на вработени за време на избори

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

Изгласан новиот состав на антикорупциска

Во Собрание избор на новиот состав на ДКСК

Катерина Ѓуровски

Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција