ВИДЕО: Антикорупциска ќе го извести Обвинителството за субвенциите за велосипеди во изборен период

Од:

Антикорупциската комисија ќе го извести јавното обвинителство дека од Град Скопје објавиле оглас за субвенции на велосипеди по распишување на изборите. ДКСК едногласно утврди дека приговорот од ВМРО-ДПМНЕ ќе се отфрли, бидејќи не се исплатени средствата, но како што образложи членот Нури Бајрами, има пропуст, согласно принципот на добро владеење во тоа што никаде не е наведено дека исплатата на субвенциите ќе се врши по изборите.

Сличен приговор протв Град Скопје поднеле од ВМРО-ДПМНЕ и за субвенциите за инвертер клими, но и тој приговор беше одбиен како неоснован зашто комисијата не утврдила прекршување на изборниот законик, по основите за кои е поднесен приговорот.

Градоначалникот Петре Шилегов кој беше присутен на седницата на ДКСК изјави дека биле свесни дека со распишувањето на огласите ќе навлезат во изборен период, но дека јавно кажале за исплата дека ќе биде по изборите. Шилегов истакна и дека приговорите се политички, а не правни, бидејќи за распишување на огласите гласале и советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

На денешната седница ДКСК разгледуваше вкупно девет приговори за можни злоупотреби во изборната кампања, сите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Прифатен беше единствено приговорот за злоупотреба на канцеларии во општинската зграда на Шуто Оризари, за одржување прес-конференција за поддршка на претседстелскиот кандидат, Стево Пендаровски. За овој приговор Антккорупциска побара повеќе време за утврдување на фактичката сосотојба, бидејќи од општината образложија дека истата зграда ја делат и општината и деловни простории на другиот спрат за кој градоначалникот нема ингеренции.

ВМРО-ДПМНЕ доставиле приговори и за 116 вработувања во Водостопанство, за реконструкција на улица во општина Карпош, за делење пакети со храна за социјални семејства од општина Центар, но сите беа отфрлени со образложение дека институциите веќе ги имале активностите предвидени во годишните програми за работа или дека пак не ја утврдиле фактичката состојба.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ДКСК поднесе иницијатива за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Со одлуката на ДКСК се потврдија лагите за Јован, го обвинија и го судеа без докази само затоа што ми е син

Димитровска: ДКСК постигна значителен успех во борба против корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче 6 години криел 5 стана, неговите анкетни листови се доказ, ги праќаме во соопштение сами нека воочат

ДКСК побарала податоци за имотната состојба на генералниот секретар на Владата и за патувањето на синот на премиерот во САД

Антикорупциска ќе иницира постапка против заменик министер за распоредување на вработени за време на избори