Антикорупциска повторно реагира за назначувањето на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители: Законите важат подеднакво за сите

Од:

Како што е утврдено со закон, ДКСК има обврска да спроведува превенција и спречување на можни злоупотреби на службената положба, судир на интереси и незаконско постапување. Во текот на спроведувањето на своите надлежности, ДКСК не ги оценува личните ставови или политичките интереси на засегнатите лица, туку исклучиво се води од факти и законски утврдени обврски, велат од Државната комисија за спречување корупција.

Во продолжение целосното соопштение од ДКСК:

Секој е должен да го почитува Законот за спречување на корупција и судир на интереси, вклучувајќи ги и правосудните органи. ДКСК како самостојна и независна институција има законска надлежност и обврска да се грижи за доследно почитување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и нема да отстапи од својата мисија и цел. Констатирана повреда на законот со одлука на ДКСК, во никој случај не претставува мешање во било која власт, бидејќи законите важат подеднакво за сите. Дејствијата и одлуките кои се во спротивност со Законот за спречување на корупција и судир на интереси создаваат ризици од корупција и судир на интереси и не смеат да опстојуваат како такви во правниот промет.

Државната комисија (по пат на ова соопштение) го реафирмира својот став изразен во Одлуката бр. 09-2838/12 донесена на седницата одржана на ден 08.11.2024 година, дека Одлуките на Судскиот совет на РСМ и Советот на јавните обвинители на РСМ за назначување на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители не се во согласност со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и со Законот за академијата за судии и јавни обвинители. Имено, пропишаната забрана за вршење на други дејности и членување во управни и надзорни одбори за време на вршење на функцијата важи и во конкретниот случај. Членовите на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители кои се од редот на обвинителите и судиите се избрани да ја вршат функцијата член на совет професионално и за времетраењето на нивниот мандат како членови на советот не ја извршуваат функцијата судија, односно јавен обвинител, туку истата им мирува. Истовремено, со членот 9 од Законот за академијата за судии и јавни обвинители е јасно пропишано дека советите назначуваат по двајца членови од редот на судиите, односно од редот на јавните обвинители, а не од сопствените редови.

ДКСК изразува благодарност до сите институции кои ја следат работата на ДКСК и покажуваат подготвеност за соработка и ги почитуваат укажувањата и препораките од ДКСК и на тој начин даваат придонес кон остварување на заедничката цел – спречување на корупцијата во општеството.

ДКСК останува посветена на својата мисија и уверува дека секоја преземена активност е со целосна одговорност, транспарентност и во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Оставката на Димитровска не е морален чин туку резултат на јавен притисок – целиот состав на ДКСК треба да си замине, реагира Левица

Претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска, поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Левица поднесе иницијатива за разрешување на претседателката на Антикорупциска

Сиљановска Давкова нема да предложи нов член на Судскиот совет, ќе го чека новиот закон

Катерина Ѓуровски

Антикорупционерите бараат од Владата да се почитува кодексот при користење на службени возила

Малку судии и многу неработни денови – причини за неажурноста на судовите во првиот квартал, констатираше Судски совет