Антикорупциска отвори предмети за судир на интереси за изборот на јавни обвинители

Од:

„Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница по своја иницијатива отвори неколку предмети за кои се објавуваа информации во јавните гласила, а за наводите кои беа изнесени во медиумите за изборот на обвинителите во Советот на јавни обвинители донесе заклучок да се отворат два предмети од областа на судир на интереси и да се пристапи кон прибирање на релевантна документација од институциите со цел утврдување на фактичката состојба, врз основа на кои ќе може да донесе конечен заклучок за постоење или непостоење судир на интереси“, објавија антикорупционерите.

Станува збор за текстовите во медиумите за изборот на обвинител на внуката на претседателот на Советот, Коле Штерјев, како и неизборот на обвинителката Лидија Раичевиќ во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Коле Штерјев во соопштение за јавноста напиша дека одлуките во Советот се носат колективно преку поединечно гласање на секој член. Се повика на Правилник на Државната комисија за спречување корупција според кој тетин и внука не се сметаат за крвно сродство за тој да се изземе од гласање. За неизборот на обвинителката Раичевиќ, Штерјев ѝ соопшти на јавноста дека таа немала доволно бодови за да биде избрана во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Првиот човек на Советот потврди за изборот на Раичевиќ гласала Фиданка Рајевска, сопруга на ексдиректор на банка, против кого Раичевиќ води истрага за перење пари и банкарски криминал.

В. М.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со одлуката на ДКСК се потврдија лагите за Јован, го обвинија и го судеа без докази само затоа што ми е син

Антикорупциска ќе иницира постапка против заменик министер за распоредување на вработени за време на избори

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

Изгласан новиот состав на антикорупциска

Во Собрание избор на новиот состав на ДКСК

Катерина Ѓуровски

Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција