Антикорупциска објави повик за пријавување набљудувачи на изборната кампања за изборите

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата врз основа на Законот за спречување корупција и судир на интереси, објави повик за пријавување набљудувачи на изборната кампања на учесниците во Предвремените парламетнарни избори 2020 година.

Во јавниот повик ДКСК наведува дека заради ефикасно следење на изборната кампања на учесниците на претстојните Парламентарни избори има потреба од ангажирање 20 набљудувачи и тоа за изборна единица 1 – пет лица од кои двајца со познавање албански јазик, за изборна единица 2 – три лица од кои еден со познавање албански јазик, за изборните единици 3 и 4 – четири лица и за изборните единици 5 и 6 – осум лица од кои четири со познавање албански јазик.

Според повикот заинтересираните кандидати не треба да се членови на политичка партија, во периодот на изборната кампања да не се работно ангажирани, да имаат на располагање моторно возило и да поседуваат возачка дозвола Б категорија, како и да имаат основни познавања за облиците на промоција на политичките партии и водењето на изборните кампањи, кандидатот треба да е жител во населеното место во изборната единица за која се пријавува и да располага со мобилен телефон за фотографирање и интернет конекција.

Пријавувањето е преку е-маил  [email protected] најдоцна до 16 јуни 2020 година.

Би можело да ве интересира

Распишан е јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК

После оставката на Димитровска: На јавен оглас ќе се бира нов претседател на Антикорупциска

Горан Наумовски

Мицкоски за разрешувањето на Димитровска: Имам чувство дека има поединци кои се обидуваат политиката кај нас да ја направат естрада

Горан Наумовски

Претседателката на ДКСК не доаѓа на работа, парламентарците молчат за нејзино разрешување

Горан Наумовски

Ревизор и го положил испитот за пристап до службени тајни кои потоа му ги кажувала на обвинетиот во „Адитив“, обвинение за Димитровска

Катерина Ѓуровски

Антикорупционерите бараат од Владата да се почитува кодексот при користење на службени возила