Антикорупциска: Најкорумпирани политичарите, судиите, лекарите, па новинарите

Од:

Граѓаните во Македонија ги сметаат политичките партии како најкорумпирани, а по нив следува судството, здравството и медиумите, покажуваат резултатите од анкетата направена од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и агенцијата Рејтинг презентирани денеска. Анкетата е спроведена телефонски од 1 до 5 јули на 1.080 испитаници.

Анализата на резултатите покажува дека анкетираните, од кои 29 отсто се членови на политичките партии, немаат добро мислење за партиите, но и за повеќето од лицата кои се носители на јавни функции. Забелешките се однесува на нискиот морал, високото ниво на распространетост и неказнивност на политичката корупција и ниската доверба дека постојат ефикасни мерки за нејзино справување. Над 56 отсто од анкетираните сметаат дека финансирањето на изборните кампањи на партиите е главно или целосно нетранспарентно и нелегално, а 68 отсто оценуваат дека партиите прилично или многу користат пари за корупција на избирачите.

Од анкетираните 40 отсто од веруваат дека денес има помалку политичка корупција отколку пред четири години, 32 отсто сметаат спротивно, а 26 отсто дека нивото на политичка корупција останало исто.

Во заклучоците се вели дека впечатокот кај испитаниците за високото ниво на нелегално финансирање на политичките партии, е директен резултат на фактот што е низок степенот на транспарентност на финансирањето и финансиското работење на партиите.

Би можело да ве интересира

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

Изгласан новиот состав на антикорупциска

Во Собрание избор на новиот состав на ДКСК

Катерина Ѓуровски

Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција

Кривична одговорност за директорот на Агенцијата за филм и за неколку градоначалници на Радовиш бара Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Професори од УКИМ бараат пријавата против ректорката Ангелова да биде приоритет за Антикорупциска

Катерина Ѓуровски