Антикорупциска ќе одлучува дали има судир на интереси при изборот на обвинители

Од:

Антикорупционерите на седница затворена за јавност денеска ќе ги разгледуваaт пишувањата во медиумите за спорниот избор на обвинители во Советот на јавни обвинители од 31 јануари, потврдија од ова тело „Макфакс“.

На дневен ред ќе бидат тесктовите во медиумите за изборот на обвинител на внуката на претседателот на Советот, Коле Штерјев, како и неизборот на обвинителката Лидија Раичевиќ, во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Од Комисијата за „Макфакс“ велат дека по завршувањето на седницата ќе биде објавено соопштение за јавноста.

Коле Штерјев, во соопштение за јавноста, напиша дека одлуките во Советот се носат колективно преку поединечно гласање на секој член. Се повика на Правилник на Државната комисија за спрелување на корупцијата, според кој, тетин и внука не се сметаат за крвно сродство за тој да се изземе од гласање.

За неизборот на обвинителката Раичевиќ, Штерјев ѝ соопшти на јавноста дека таа немала доволно бодови за да биде избрана во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Првиот човек на Советот потврди за изборот на Раичевиќ гласала Фиданка Рајевска, сопруга на ексдиректор на банка, против кого Раичевиќ води истрага за перење пари и банкарски криминал.

В. М.

Би можело да ве интересира

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

Башким Бесими избран за член на Советот на јавните обвинители

Сарамандова и Пеливанов стануваат виши обвинители: Советот ги одбра од 16 пријавени кандидати

Александар Тодески

Советот на ЈО едногласно го отфрли барањето на Фатиме Фетаи за преиспитување на одлуката за отфрлање на нејзината кандидатура за државен јавен обвинител

Новоизбраната членка на Советот на ЈО, Јелена Догазанска-Колева даде свечена изјава во Собранието

Љупчо Коцевски единствен кандидат за државен јавен обвинител