ВИДЕО: Антикорупциска ќе испитува дали директорката Пановска местела тендери во корист на татко ѝ

Од:

Антикорупциската комисија отвори предмет за докторката Ирина Пановска-Ставридис в.д. директорка на Клиника за хематологија за можно местење на тендери во корист на веледрогеријата „Пановски“ во сопственост на нејзиниот татко.

Антикорупционерите ќе испитуваат и како Пановска-Ставридис унапредувала лекари во раководители на оддел.

Пријавата до ДКСК ја доставиле анонимни граѓани и група загрижени лекари.

Во пријавата било наведено и дека во унапредувањето на лекарите Соња Трајковкса и Мартин Ивановски имала поддршка од министрите за одбрана и за здравство, Радмила Шекеринска и Венко Филипче.

За Пановска ќе се проверува и дали доставила анкетен лист од второто назначување за в.д. директор.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Хани: Корупцијата најмногу ги погодува безбедносниот и еколошкиот сектор

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Рокас: Конечно сериозен пристап во справувањето со корупцијата

Левица: Бараме казни за корупцијата, а не прикриени амнестии за функционерите

Захарова: Европски претставници беа дел од корупциските шеми во Украина

Горан Наумовски

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ